Продолжува агонијата во Кривичен. Наместо да делат правда, тие се пример за неправда во земјава. Горан Стаменкоски советник на пермиерот Зоран Заев и близок до актуелнииот претседател на судот Иван Џолев вербално претел на вработена во судот!
Основниот суд 1 во Скопје станува синоним за инциденти. Заканите, навредите и уцените кон вработените, на неистомислениците со ,,тајфата” на Џолев преминуваат во пракса.
До нашата редакција пристигна допис од извор (кој ужива потполна заштита Кривичниот суд Скопје 1 која сведочи за нападот кој врз неа денеска го извршил Горан Стаменковски советникот на Заев во судството и близок соработник на претседателот Иван Џолев.
На вработената В.Т во Судска полиција, лицето Горан Стаменкоски кој е шеф на човечки ресурси, насилнички и влегол во нејзината канцеларија и со погрдни зборови пред судијата ја навредил и и упатил закани „да заборави повеќе на работата„ ако ја нема на работното место.
И додека нашата редакција го поготвуваше овој текст до нас пристигна уште една реакција дека дотичниот Горан Стаменковски, вербално и се заканувал и на една од хигиеничарките со иницијали Б.А. Вработените велат имаат страв и незнаат што ќе се случи со нив а се плашат секако и за нивните работни места.
Стаменковски е познат по вакви истапи, но се толерира поради неговата блискост со претседателот на судот Иван Џолев
Горан Стаменковски и е познат на јавноста кога во Основниот суд 1 во одделот за прекршоци упаднал во судница на судија и почнал да му се заканува. Настанот се случил во судницата на поранешниот претседател на судот Владимир Панчевски, а лицето кое го нападнало е токму Горан Стаменковски, раководител во судот и еден од луѓето блиски соработници на актуелниот претседател Иван Џолев.
По скандалот интервенирала и полицијата. Бил известен и дежурен обвинител, од каде било добиено известување дека нападнатиот судија може да го гони напаѓачот по приватна тужба, иако нападот е во судница во службени простории на судија.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.