Папата Франциск, ќе се обидат да го убијат во Скопје на 7ми мај, барем ако верувате во пророштвото на Нострадамус.

Објавил: Катерина Крстиќ | 6 мај, 2019 14:05

Откриено застрашувачко пророштво на Нострадамус: Папата ќе биде убиен во Скопје, градот каде е крунисан цар Душан, и тогаш ќе започне светска војна

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Поглаварот на Римокатоличката црква, на 7ми мај, односно утре доаѓа во посета на Македонија, во градот каде беше крунисан царот Душан, но според предвидувањата на Нострадамус, наводно е предвидено пролевање крв за време на оваа посета.

Како што пишува српскиот Webtribune“, кои се повикува на предвидувањата на најпознатиот француски пророк Нострадамус, постои можност папата Франциск за време на посетата во Скопје да биде убиен. 

Мишел де Нотрдам или попознат како Нострадамус бил француски аптекар и почитуван јасновидец кој отпечатил колекција на пророштва кои брзо станале познати во светот. Најпознат е по неговите „Пророштва“ (Les Propheties), првото издание кое се појавило во 1555 година. Интересот за делото на Нострадамус, кој е истакната фигура на француската ренесанса е сè уште голем, посебно во медиумите, а на неговите пророштва во некои случаи им се додава библискиот код, или трудовите на некои други пророци. Уште од раната младост имал голема склоност кон астрономијата и астрологијата. 

Папата Франциск, ќе се обидат да го убијат во Скопје на 7ми мај, барем ако верувате во пророштвото на Нострадамус.

„Римски поглавару, чувај се да не се приближиш до место каде поминуваат две големи реки, бидејќи таму ќе се пролее твојата крв, во месецот кога цветаат розите, напишал Нострадамус.

Иако многумина пишуваа дека Нострадамус всушност предвидел дека трагично ќе заврши животот на папата во Белград, сепак францускиот пророк мислел на Скопје,, бидејќи тука поминуваат две големи реки Треска и Вардар, во градот каде во 1346 бил крунисан цар Душан, пишува порталот .

Освен за можното убиство на папата според порталот, Нострадамус предвидел и Трета Светска војна која ќе започне годинава според неговите предвидувања и ќе трае до 2049.

Освен војна, според Нострадамус, Европа ќе ја погодат страшни поплави, додека Северна Америка ќе биде на удар на земјотреси. На Блискиот Исток ќе се зголеми тероризмот и религискиот екстремизам, тврди најпознатиот пророк.

Според неговите предвидувања, светските лидери ќе се обединат во борбата против климатските промени, а научниците ќе измислат лек кој ќе ни овозможи да живееме 200 години.

Извор: Webtribune“,

 

 

 

 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.