После мошне успешната промотивна турнеја за албумот„Извор“, Каролина се подготвува за уште два големи концерти, овој пат во античките театри во Охрид и Битола.
Првиот е закажан нејзиниот роден град, во античкиот театар Хераклеја Линкестис на 10 август, а веќе следниот ден, на 11 август, десетте песни од „Извор“ и најубавите од проектот „Македонско девојче“ ќе прозвучат и на античкиот театар во Охрид.
Влезниците за битолскиот концерт се по цена од 400 денари, а за охридскиот чинат 500 и 800 денари, а истите се веќе пуштени во продажба преку продажната мрежа на „Купи карти за сè“, како и онлајн на www.kupikartizase.com.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.