Како што хрватските медиуми пишуваат, станува збор за „копмас-медуза која не смее да се допира бидејќи може да предизвика тешки повреди.

Објавил: Весна Петровска | 15 мај, 2019 14:03

Важна информација за оние кои планираат одмор на Јадранското море

Фото/Текст извор: ©онлајн магазин

Доколку се одлучивте оваа година да одите на одмор на Јандранското море бидете внимателни бидејќи во морето има појава на отровна медуза, соопштуваат медиумите.

Како што хрватските медиуми пишуваат, станува збор за „копмас-медуза која не смее да се допира бидејќи може да предизвика тешки повреди.

Компас-медузата (Chrysaora hysoscella) е всушност вид што живее во крајбрежните води на Атлантскиот Океан и Средоземното Море. Има жолто-темносивкасто тело коешто личи на компас и кое може да порасне и до 30 сантиметри во ширина, а краците и до еден метар должина. Краците се вкупно 24 на број.

Се претпоставува дека компас-медузите живеат една година. Се хранат со зоопланктони, а природен непријател им се морските желки и океанската сончева риба.

Ако на пример настрадате од некој од пипките на медузите, може да се појави голема болка во мускулите, зголемена температура и повраќање. Тогаш задолжително побарајте лекарска помош и пијте ги препишаните лекови.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.