Ѕвездата на Реал Мадрид, Кристијано Роналдо конечно пристигна на стадионот на неговиот нов клуб Јувентус, каде што ќе почне со обликационите медицинските прегледи.
Роналдо беше пречекан од стотици поддржувачи на „старата дама“ (видео) и без двоумење во стил на една холивудска ѕвезда застана и на присутните фанови им даде автограми а исто така се фотографираше со некои од најсреќните поддржувачи.
Италијанските медиуми известуваат дека пречекот на Роналдо пред стадионот на Јувентус бил во холивудски стил, проследен со бучава и со светла поставени во близина.
Подоцна, Португалецот се очекува да биде официјално претставен и
како играч на Јуве, откако премина во Торино од Реал Мадрид за 112 милиони евра.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.