Беља беше член на невладината организација Реалитети, а во 2010 стана лидер на партијата Албански сојуз.

Објавил: admin@magazin | 28 мај, 2019 18:25

На Филипче му пукна филмот и го разреши директорот на гинекологија Вањон Беља!

Фото/Текст извор: ©онлине /магазин

Министерството за здравство го разреши економскиот директор на Клиниката за гинекологија и акушерство Валон Беља.

Беља, кој е од кадар на ДУИ, беше назначен за економски директор на Гинекологија во октомври претходната година. Министерот за здравство Венко Филипче изјави дека станува збор за нарушени меѓучовечки односи. 

Минатата година Валон Беља, во декември беше застрелан во нога и опериран во болницата „Св. Наум Охридски“, за што беа уапсени три лица.

По преминувањето во ДУИ, Беља кој беше вработен во Општина Чаир, во јуни 2016 во канцеларијата на градоначалникот Изет Меџити од истата партија остави куршум завиткан во салфетка. По тој инцидент бил приведен во полиција и пуштен, а тврдел дека некој го мести. МВР му поднела пријава за загрозување на безбедноста, а за тој случај уште нема завршница.

По расправиите на директорите на Гинекологија Венко Филипче го разреши од функцијата економскиот директор на Клиниката за гинекологија, Ваљон Беља, откако тој достави документација до Јавното обвинителство, за според него криминалното работење на медицинската директорка Викторија Јовановска.

Беља изјави дека Јовановска фаворизирала компании кои вршат лабораториски тестови. Директорката на Клиниката Јовановска, тврди дека станувало збор за легална процедура.

Беља беше член на невладината организација Реалитети, а во 2010 стана лидер на партијата Албански сојуз.

Подоцна оваа партија се спои со ДПА на Мендух Тачи, каде Беља беше потпретседател. Откако се повлече од ДПА Беља беше претепан во скопско Кондово од група непознати напаѓачи, по што заврши на Ургентниот центар.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.