понеделник, 6 мај 2024

MK/ EN/ DE



Станува збор за прочуената јапонска билка красула чии дебели листови потсетуваат на монети.

Објавил: Катерина Крстиќ | 1 јуни, 2019 21:17

Доколку сакате пари и среќа во домот набавете ја оваа билка

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Доколку сакате во домот да привлечете пари, сега можете да го постигнете тоа со една билка.

Како што останало од минатото според народните верувања, најпознатите исцелители на негативна енергија во домот се бујните, зелени билки кои во домот носат не само пари туку и позитивна енергија. Станува збор за прочуената јапонска билка красула чии дебели листови потсетуваат на монети.

Оваа билка не бара многу грижа, и не бара многу вода

Според некои верувања, постојат билки кои ја привлекуваат енергијата на богатството а се верува дека токму вакво е јапонското дрво на парите, со латинско име “Crassula ovata”. Оваа билка која носи различни називи, секаде е позната како билка која носи пари. На англиски на пример, често се нарекува „money tree“.

Доколку сакате успех во работата исто така се верува дека треба да ја имате оваа билка во просторијата во која работите, за да донесе позитивно влијае на работното место. Затоа е одличен избор за во канцеларии, а во некои азиски земји се пренесува од колено на колено.

Според Фенг шуи оваа билка треба да се ја поставите од десната страна на влезната врата доколку сакате да привлечете пари. Оваа билка потекнува од јужна Африка, доста е отпорна и не ја напаѓаат штетници а за оние кои се заинтересирани, билката може да ја најдат и кај нас. 

Доколку набавите Красула, треба да знаете дека оваа билка не бара многу вода, не сака многу светлина но не треба да ја поставите на многу темно место бидејќи листовите ќе започнат да избледуваат. Никако не смее да дозволите оваа билка да ја пече сонце директно низ прозор. 

 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Совети

Водата е неопходна за правилно функционирање на телото. Околу 2/3 од телесната тежина кај луѓето отпаѓаат на водата. Човечкото тело губи најмногу вода преку дишењето и потењето.

Што да не пиете ако сте дехидрирани!

До дехидрација најлесно може да дојде во текот на летото, особено во жежок август, кога...

Но секако ниту еден дом не смее да помине без прекрсната божиќна ѕвезда, или божиќното цвеќе кое внесува раскош во домот. 

Неколку трикови како да одгледувате Божиќна ѕвезда – најубавиот декор во домот!

Ова е периодот од годината кога новогодишната магија настапува во сечиј дом. Секако...

Мевлемот ги елиминира вишокот маснотии и вода од организмот, но ја подобрува и функцијата на мозокот, го подобрува памтењето, го подобрува слухот и видот.

РЕЦЕПТ ЗА УСПЕШНО СЛАБЕЕЊЕ: Свеж рен, лимон и мед!

Испробан рецепт за слабеење околу половината. Многу стар рецепт кој моментално станува...


Ние користиме колачиња за да ја подобриме практичноста на веб-страницата. Со вашата посета се согласувате со ова.