Освоените 97 бода во Премиер-лигата и второто место зад неверојатниот Манчестер сити и сега освоениот трофеј во ЛШ, Ливерпул отвори ново поглавје во својата вековна историја

Објавил: Македонка Димкин | 2 јуни, 2019 13:33

Пред четири години харизматичниот Германец на навивачите на Ливерпул им вети титула!

Фото/Текст извор: ©Евроспорт

Јурген Клоп големиот стратег на клупата на Ливерпул, , конечно успеа да го освои трофејот во фудбалската Лига на шапиони (ЛШ) и со тоа да осигура место меѓу многуте фудбалски великани кои ги предводеле „црвените“ од „Енфилд“. Откакто лани не успеа  во финалето во Киев (пораз од Реал Мадрид 3-1), поразот во финалето на Лига Европа (ЛЕ) во сезоната 2015/2016 од Севилја исто така со 3-1, ја прават оваа победа на Клоп во овогодинешното финале во Мадрид уште повредна за Германецот, но и за Ливерпул, кој од 2005 година чека на европски трофеј.

Јурген Норберт Клопп (роден на 16 јуни 1967 година во Штутгарт), со прекар “Клоппо”, е германски фудбалски тренер и поранешен играч. По неколку кратки периоди во аматерскиот фудбал, Клоп играл од 1990 до 2008 година за првиот ФСВ Мајнц 05, прво како играч и од 2001 како тренер.
. Во 2008 тој се пресели во Борусија Дортмунд. Со Борусија Дортмунд тој во годините 2011 и 2012 беше германски шампион а во 2012 освои двојна тирула. Тој, исто така, успеа да освои уште две финалиња во Купот а во 2013 година пак финалето во Лигата на шампионите. Клопп е главен тренер на Ливерпул од октомври 2015 година. Неговиот најголем успех како тренер е токму со со победата во Лигата на шампионите во во 2019 година, . После Џуп Хајнкес и Отемр Хитцфелд Клоп е трет тренер на Германија кој ја освоил Лигата на шампионите. (извор Википедиа)

Кога го замени Брендан Роџерс во 2015 година на кормилото на клубот кој некогаш го предводеле легндарните Бил Шенкли, Џо Фаган и Бил Пејсли, харизматичниот Германец на навивачите на Ливерпул им вети титула за четири години. Синоќа, Јирген Норберт Клоп го оствари своето ветување, иако и многу порано во својот мандат тој имаше можност да биде херојот кој го чекаше црвениот дел од градот. 

На синоќешниот натпревар на „Ванда Метрополитано“ во Мадрид, германецот , се чини, го покажа на дело целото свое  искуство и сите порази во кои му беа голем товар. Двата порази во финалиња во ЛШ, двата во Германскиот куп, финалето во ЛЕ и финалето во Лига купот на Англија, за Клоп беа потсетување дека ова финале против Тотехем ќе ја искрои иднината на неговата тренерско-менаџерска кариера.

Со поразот од Барселона и неможноста да се одржи чекор со Манчестер сити во Премиер-лигата, само неколку недели пред крајот на сезоната, изгледаше дека ова ќе биде уште сезона за заборав на „црвените“. Поразот од Барселона во првиот

Процесот на трансформација на клубот кој се обидуваше да престане да живее во минатото и да започне да игра во денешницата започна со првиот момент кога Клоп застана на аут-линијата и тргна карактеристично со своите прослави, натпревар по натпревар, да им нуди нова надеж на навивачите, но и на фудбалерите за нов трофеј во витрните на „Енфилд“.

натпревар од двомечот на „Ноу Камп“ со 3-0 како да покажуваа дека од Ливерпул уште еднаш ќе мора да кажат – „следната сезона е наша“. Сепак, неверојатниот настап на „Енфилд“ го отвори патот до Мадрид (победа од 4-0), кој овојпат Клоп, заедно со Салах, Мане, Ван Дајк и Алисон, беше сигурен дека успешно ќе го мине.

Освоените 97 бода во Премиер-лигата и второто место зад неверојатниот Манчестер сити и сега освоениот трофеј во ЛШ, Ливерпул отвори ново поглавје во својата вековна историја, навестувајќи нов подеми на подзаспаниот фудбалски гигант. А Клоп, со овој успех, вечно го врежа своето име до оние на Шенкли, Пејсли, Фаган и Рафаел Бентиез, кои претходно го носеа најпрестижниот трофеј на фудбалската игра во Ливерпул .

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Фудбал

Репрезентативците на Марково се вистинско изненадување на ова првенство. За потсетување, тие со својата пожртвувана игра претходно во осминафиналето успеаја да ја елиминираат репрезентацијата на Шпанија.


Фото: EPA-EFE/Ali Haider
Напаѓачот и најголема ѕвезда на Португалците, Кристијано Роналдо и овој меч го започна на клупата за резервни играчи. Во игра влезе во 51. Минута, кога селекторот на Португалија реши да го стави на местото на Рубен Невеш.

Португалија имаше доволно време да израмни, напаѓаше силно, но не успеа да ја затресе мрежата на одличниот голман на Мароканците, Боно.


Фото: EPA-EFE/Georgi Licovski
Мароко во полуфиналето ќе ги одмери силите со подобриот од вториот денешен четвртфинален натпревар на Светското првенство во Катар што ќе го играат репрезентациите на Франција и Англија.

Вчера во драматични натпревари, со пресврти за пласман во полуфиналето се изборија репрезентациите на Хрватска и Аргентина кои се првата полуфинална двојка.

Мароко испиша историја: Ја победи Португалија и оди во полуфинале на Светското првенство во Катар

Мароко во полуфиналето ќе ги одмери силите со подобриот во вториот денешен четвртфинален...

Триумфот го донесе Александар Трајковски. Милевски емотивно заедно со останатите играчи го прослави големиот успех, а има и две причини за радост. Првата е секако победата над Италија, а втората е дека денес (25 март) му е роденден!

Благоја Милевски е роден во 1971 година во Скопје. Полни 51 година, баш заедно со победата над Италија. Селекторе, среќен нека е и само успеси со Македонија!

МАКЕДОНИЈА НАПРАВИ СВЕТСКО ЧУДО: Ја победи Италија на нејзин терен и обезбеди финален бараж за Мундијал!

Македонија ги елиминира европскиот првак Италија среде Палермо и дојде само на еден...