Р.К. Вардар од денска има ново лого. Шампионите кои по втор пат ја освојуваат европската титула како и пред две години така и сега ќе го менуваат клупското лого.
Имено во 2017 година кога за прв пат Вардар ја освои титулата европски шампион црвено-црните, го сменија клупското лого и на веќе постоечкото лого на Вардар додадоа ѕвездичка која ја симболизира токму таа титула.
Но сега шампионите повторно го постигнаа истиот успех, и се закитија со титула европски прваци, па тоа значи ново менување на логото. Овој пат Шампионите ќе додадат уште една ѕвездичка, која ќе потсетува на титулата во 2019 година, со што на логото ќе има вкупно две свездички во чест на победите на шампионот.
Инаку во финалето, црвено-црните го совладаа Веспрем со 27-24 со што се закитија со титулата европски шампион.
За потсетување, нашиот клуб Вардар водеше во тек на целиот натпревар. На полувреме замина со +5 разлика. Проблемите дојдоа во второто полувреме, кога Веспрем успеа да дојде на гол негатива во неколку наврати. Во последните десетина минути сепак избраниците на Парондо ја смирија топката и покажаа сигурна игра, по што ја вратија предноста од три гола предност, која ја задржаа до самиот крај.
Најефикасeн поединец во вардаровиот тим беше Мораеш со шест гола.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.