Судијата Сафет Кадриу за „Фокус“ потврди дека второстепената пресуда за овој предмет е веќе напишана, и во понеделник или вторник ќе биде испратена во Кривичниот суд.

Објавил: Весна Петровска | 7 јуни, 2019 13:50

Бизнисменот Сеад Кочан набрзо ќе добие упатен акт за во затвор

Фото/Текст извор: ©онлајн магазин

Сеад Кочан за дестина дена треба да оди во затвор.Бизнисменот ќе издржува казна за случајот „Турст“ што во 2011 година бил распишен тендер за „Електран на Македонија“ за ископување на јаловина и јаглен од Суводол во Битола.

Судијата Сафет Кадриу за „Фокус“ потврди дека второстепената пресуда за овој предмет е веќе напишана, и во понеделник или вторник ќе биде испратена во Кривичниот суд.

Откако пресудата ќе стигне во првостепениот суд, преку АКМИС системот ќе биде одреден судија за извршување на санкциите, кој ќе треба да го изготви упатниот акт на Кочан за во затвор.

-Денот на јавувањето во установата се одредува така што на осуденото лице да му останат најмалку осум, а најмногу 13 дена од денот на приемот на упатниот акт, се предвидува во Законот за извршување на санкциите.

Бизнисменот правдата може да ја бара пред Врховниот суд, или да бара одложување на казната.

За потсетување, СЈО не го притвори Сеад Кочани бидејќи дал голема гаранција дека нема да побегне.

„По однос на изрекување мерка притвор за Сеад Кочан до правосилност на пресудата, мерката притвор не е задолжителна, а Кочан претходно достави гаранција дека нема да се даде во бегство“, изјавил тогаш Бубевски.

 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести