Тешка сообраќајна несреќа се случила кај Ласкарци , нема информации дали има повредени или евентуално жртви во несреќата.
Неприлагодена брзина и престигнување е најверојатната причина за сообраќајната несреќа на автопатот Тетово-Скопје кај селото Ласкарце, јавува 1ТВ.
Гледач на 1ТВ во сообраќајката учествувале три патнички возила.
МВР се уште нема излезно со информации за сообраќајната несреќа на ова место.
За потсетување, на патот кај Ласакрци во феруари се случи голема автобуска несреќа во која загинаа 16 лица.
Автобусот на компанијата „Дурмо турс“ сообраќал на релација Скопје-Гостивар, со 51 патник, сите од Гостивар. Автобусот излетал од автопатот Тетово-Скопје и паднал во провалија откако ја пробил заштитната ограда на автопатот.[4] На местото веднаш претрчале мештани од Ласкарци и околината.[5] За спасувањето биле мобилизирани сите комбиња на брзата помош од „Здравствен дом – Скопје“ и од приватните болници „Неуромедика“ и „Систина“. Несреќата допре до целата македонска јавност.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.