Потрес во фудбалскиот свет

Објавил: Узунов Бобан | 18 јуни, 2019 11:31

Кој е Мишел Платини, легенда која неславно заврши во фудбалскиот свет !

Фото/Текст извор: ©магазин

Поранешниот прв човек на УЕФА и фудбалска легенда на Франција, Мишел Платини е уапсен поради корупција и доделување на организацијата на Светското првенство во 2022 на Катар.

Во текот на својата професионална фудбалска кариера, Платини играл за три клубови Нанси, Сент Етјен и Јувентус и бил член на репрезентацијата на Франција која триумфирала на Европското првенство во фудбал 1984-тата, турнир на кој тој бил најдобар стрелец и прогласен за најдобар играч. Тој, исто така учествувал на три Светски првенства во 1978, 1982 и 1986, и стигнал до полуфиналето на последните две. Платини, Алан Жирес, Луј Фернандез и Жан Тигана заедно го сочинувале познатиот таканаречен “Магичен квадрат” (на француски:”carré magique”) во средината на теренот и играчи кои го формирале срцето на францускиот национален тим во текот на 1980-тите.

Мишел Франсоа Платини роден на 21 јуни 1955) е поранешен француски фудбалер и тренер и поранешен претседател на УЕФА. Тој бил прв играч во историјата кој успеал да ја освои наградата за Најдобар фудбалер на Европа три години по ред, а во 1999 бил избран за седми најдобар фудбалер на 20. век во изборот на IFFHS.


Платини се смета за еден од најдобрите додавачи во историјата на фудбалот, како и за еден од најдобрите изведувачи на слободни удари и играч со феномален завршен удар. Тој го држи рекордот за најмногу постигнати голови (9) на завршницата на Европските првенстваиако учествувал само на еден ваков турнир во 1984 година. И покрај тоа што важеше за играч од средниот ред, тој истотака го држел и рекордот за ннајмногу постигнати голови во националниот тим се додека напаѓачот Тјери Анри не ја надминал бројката од 41 постигнат погодок во 2007 година.

Тој бил и тренер на францускиот национален тим четири години, како и ко-организатор на Светското првенство 1998 во Франција.


Одлуката мундијалот во 2022 да му се додели на Катар беше прилично изненадувачка, и за многу кратко време почнаа да се шират гласини за нечесни игри при доделувањето на организацијата.

Неколку угледни весници направија истражување и објавија дека СП 2022 било „купено“ а за ова помогнале тогашниот претседател на Франција, Никола Саркози и тогашниот прв човек на УЕФА, Мишел Платини.

Во Франција беше отворена истрага за корупција, а како дел од процесот, денеска е приведен токму Мишел Платини. Поранешниот прв човек на европската куќа на фудбалот утрово бил на распит во Париз и обвинителството решило да го смести зад решетки.

На разговор бил и поранешниот близок соработник на Никола Саркози, Клод Геан но тој во моментов е на слобода.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести