Во Неделата во Охрид на скандалозен начин беше приведен Васко Белески

Објавил: Македонка Димкин | 19 јуни, 2019 14:17

Приведен Васко Белески, македонски активист и член на Македонскиот Национален Совет

Фото/Текст извор: ©магазин

Според информациите кои ни беа  директно посочени од Васко Белески, тој бил приведен на улица 7-ми ноември во Охрид во неделата околу 12.30 часот точно во времето кога во Охрид се чистеа улиците од возила поради конгресот на партијата на власт СДСМ.

Да точно , вели Васко Белески, бев приведен поради непрофесионалното однесување на сообраќајната полиција од Охрид. Движејќи се се по улицата 7 Ноември со темно Ауди со скопски регистрации, сопрев од десната страна од каде што претходно забележав сообраќаен знак за забрането паркирање. Сметав дека можам кратко да запрам бидејки со тој знак е дозволено кратко запирање и се упатив кон продавницата TINEX каде што се задржав најмногу 10 мин.


Белески исто така смета ( ЗАКОН ЗА ПОЛИЦИЈИА член 46) дека задржувањето и приведувањето на лица без налог на суд е тешка повреда на слободата на движење и мора да бидат наведени причините за задржувањето и приведувањето при тоа да се информира лицето за правото да го извести семејството и адвокатот, а ако е странски државјанин и амбасадата чиј државјанин. Сите овие повреди на постапката мора да бидат констатирани-смета Белески.


Член 5 од ЗАКОН ЗА БЕЗБЕДНОСТ НА СООБРАЌАЈОТ НА ПАТИШТАТА  („Службен весник на Република Македонија“ бр. 169/15 и 226/15)
Министерството за внатрешни работи ги спроведува прописите и презема мерки што се однесуваат на безбедноста на сообраќајот на патиштата и за  таа цел:
– ја следи и анализира состојбата на безбедноста на сообраќајот на
патиштата;
– укажува на актуелните проблеми во областа на сообраќајот на патиштата и предлага мерки за нивно решавање;
– го контролира и регулира сообраќајот на патиштата;
– врши контрола над возачите и другите учесници во сообраќајот на
патиштата, над состојбата на патиштата и улиците, опремата и
сообраќајната сигнализација;

» Кога се вратив позади мојот автомобил ме чекаа двајца полицајци од сообраќајната полиција за кои помислив дека се познаваме а со едниот полицаец кој ми пријде се поздравив. Полицаецот со лош Македонски,  дрско ми даде до знаење дека сум паркирал на улица цели 20 минути каде е забрането запирање и паркирање. На ова обвинување го замолив истиот, да го погледнеме знакот, за да го уверам дека знакот не покажува забрането запирање. Знакот беше целиот излепен со лепенки и истиот кога возите тешко ќе реализирате дека е истиот оној за  „забрането запирање и паркирање„. Но на моите констатаци полицаецот повторно ми одгвори дека тоа не е нивна работа да се грижат како изгледаат сообраќајните знаци. 

Во еден ваков случај смета Белески според европската пракса, полицаецот мораше да ја земи во предвид лошата прегледност на знакот поради неуредно исечените дрва, а како второ непрепознатливоста на истиот, згора на тоа што во членот 5 од законот за безбедност на сообраќајот во Република Македонија пишува дека токму Министерството за внатрешни работи врши контрола  над состојбата на патиштата и улиците, опремата и сообраќајната сигнализација укажува на актуелните проблеми во областа на сообраќајот на патиштата и предлага мерки за нивно решавање.

Кој е надлежен за сообраќајните знаци да бидат чисти, видливи и неприкосновено јасни за возачите? Според Член 5 од ЗАКОН ЗА БЕЗБЕДНОСТ НА СООБРАЌАЈОТ НА ПАТИШТАТА („Службен весник на Република Македонија“ бр. 169/15 и 226/15)
Министерството за внатрешни работи ги спроведува прописите и презема мерки што се однесуваат на безбедноста на сообраќајот на патиштата и за таа цел меќу другото: 
– врши контрола на опремата и сообраќајната сигнализација. Колку време ќе им треба на надлежните да ги ивчистатт сообраќајните знаци за кои немилосрдно казнуваат или е тоа сопка направена да се изрекуваат прекршоцни касни на автомобили кои не се со охридска регистрација?

» И наместо полицаецот кој претспостаувам го знае членот 5 и е информиран дека токму задача на МВР е да имаме чиста, прегледна и уредна сообраќајна сигнализација, да го увиди проблемот и да ми укаже (опомени) дека во иднина тука не смеам да застанувам, тој ми ја одзеде возачката дозвола и се упати према неговииот колега 100 метри подолу каде што имаше паркирани возила на пешачки премин  за истото јас му посочив иако според полицаецот тие ме чекале 20 минути, ама ете возилата со охридски таблички паркирани на пешачки „не ги приметиле„.

После некое време неможејќи да издржам во автомобилот без клима се упатив кон возилото на МВР  за да видам што се случува продолжува Белески. Им пријдов на полицајците и ги прашав уште колку време треба да чекам бидејќи морам да одам, на што добро познатииот од  Охрид крупен висок полицаец ми одгвори „Ние ќе кажеме уште колку треба да чекаш„. Иако сметав дека нема прекршок сепак поради обврските им понудив да платам веднаш бидејќи каснам и ме чека мојата мајка, на ова покрупниот полицаец ми рече дека за тоа требало претходно да мислам.

Ваквото дрско, непрофесиионално ниво на полицајците, кои впрочем се платени и од мојот џеб крајно ме навреди и во вербалната комуникација прашав по кој законски основ е спречена мојата слобода на движење повеќе од 40 минути. Покрупниот полицаец веднаш ми се закани со прст дека ќе ме приведе поради омаложување на службено лице и ми нареди да влезам во моето возило каде што беше и мојата сопруга да ја затворам вратата и да чекам на 40 степени без клима.

После 5 минути пристигна полициска екипа и бев приведен во комбе позади решетки како најголем криминалец пред очите на мојата сопруга и повеќе граѓани кои беа радознали кого тоа го апсат среде недела на бел ден.

4. Приведување (З А К О Н  З А  П О Л И Ц И Ј А )
Член 46
(1) Лице може да се приведе врз основа на писмена наредба издадена од надлежен суд или распишана потерница согласно закон.
(2) Лицето од ставот (1) на овој член може да се приведе заради спроведување во просториите на Полицијата, друг надлежен државен орган или до местото одредено со наредбата.
(3) Полицискиот службеник е должен на лицето кое треба да го приведе да му ја предаде наредбата од ставот (1) на овој член.
(4) Полицискиот службеник нема да му ја врачи наредбата од ставот 1 на овој член на лицето за кое основано се сомнева дека ќе даде отпор.
(5) Лицето може да се приведе во време од 6,00 до 22,00 часот. Во случај кога приведувањето е нужно заради преземање на полициските работи кои не трпат одлагање, лицето може да се приведе и надвор од времето утврдено во ставот 5 на овој член

» Во полициската станица бев задржан скоро 3 часа вели Белески,  после изјавата и проверката на истата од мојот адвокат и другар Игор Кичеец бев пуштен. Покрај сето ова морам да кажам дека единствениот полицаец кој најпрофесионално си ја извршуваше својата задача беше само полицаец кој ја земаше мојата изјава.


Да се потсетиме, во март мината година 2018, висок функционер на ДУИ беше нападната полициска службеничка откако повикала пајак служба за отстранување на непрописно паркирано возило. Функциониерто на ДУИ не само што не беше приведен туку со своето влијание успеа да да ја смени првата изјава на полицајката, дека таа била со боксови нападната од Беќир Асани, функционер од ДУИ, кај трговскиот центар „Мавровка“ во Скопје додека возилото му го кревал „пајак“ во „ Самата се удрив од пајакот додека ја извршував задачата. 

Дали во Македoнија правото важи за сите подеднакво?

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.