МНР Пејчиновиќ тврди дека за разлика од лани, оваа година поголем е бројот на ЕУ-членки кои не дале согласност за преговори со Македонија и Албанија

Објавил: Данаил Михајловски | 20 јуни, 2019 14:07

Министерката Пејчиновиќ: Хрватска жали што Македонија и Албанија не беа наградени со датум за преговори!

Фото/Текст извор: ©магазин

Хрватската министерка за надворешни работи, Марија Пејчиновиќ Буриќ, во изјава дадена во врска со Советот на ЕУ истакна дека Хрватска жали што на состанокот во Луксембург меѓу земјите членки на ЕУ немало согласност да се награди напредокот на Северна Македонија и Албанија и да се отворат пристапните преговори за членство, по што одлуката од јуни е поместена за октомври, пренесуваат порталите vjesti.hrt.hr и direktno.hr. Министерката Пејчиновиќ Буриќ наведува дека за разлика од минатата година, кога одреден број на земји биле против отворањето на преговори со Албанија и Македонија, овој јуни таа бројка на земји членки кои се противат станала поголема. Ја пренесуваме изјавата во целост:

“Стојалиштето на Хрватска е непроменето. Ние сакавме преговори и пред година дена на состанокот на Советот на ЕУ, кога најголемиот број на држави заговараа да се даде рок од една година и овој јуни да започнат преговорите со Северна Македонија и Албанија, доколку ги задоволат поставените услови. Меѓутоа, поради опредеделени причини, имаше држави членки кои не можеа да се согласат на таков текст, па се договоривме дека повторно ќе го разгледуваме прашањето на овој состанок на Советот за општи работи. За жал, не стигнавме многу понапред, па сега бројот на држави кои имаат одредени задршки (за отварање на преговорите со Македонија и Албанија, н.з) дури и се зголеми. Ние се залагавме тие преговори со Албанија и Македонија да се отворат бидејќи сметаме дека секоја од тие држави направила таков исчекор што тоа треба да се награди на вистински начин, изјави министерката Пејчиновиќ Буриќ во врска со состанокот на Советот на ЕУ во Луксембург“

Во дел од француските и италијанските весници, како Ле Монд, Ле Ехо и 24 Ора, како најголеми противници за донесувањето на одлука за преговори со Албанија и Македонија се споменуваат Франција, Холандија, Данска, Германија, Шпанија и Белгија. Поранешната француска министерка за Европа, Лиазу, за време на изборите за европскиот парламент се пофали дека минатата година таа ја блокирала одлуката за почеток на преговорите со Албанија и Македонија.

https://direktno.hr/eu-i-svijet/pejcinovic-buric-o-sjevernoj-makedoniji-i-albaniji-zao-mi-sto-nema-suglasnosti-da-se-honorira-napred-159058/

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.