Во авионска несреќа што се случи ноќеска на Хаваи, загинаа девет лица, јави „Фокс Њуз“.
Како што јавуваат странските медиуми, мал двомоторен авион од типот „Кинг Ер“ се урнал во близина на аеродромот Дилингам на островот Оаху, по што се запалил и во потполност изгорел.
Министерство за транспорт во Хаваи објави дека загинале сите девет патници и членови на екипажот.
Хаваите се сојузна држава од САД. Тоа се група на острови кои се наоѓаат во Тихиот Океан. Главен град е Хонолулу е главен град на американската сојузната држава Хаваи. Градот има население од 371.657 жители (2000), додека целиот округ има 909.863 жители.
На хавајски јазик, Хонолулу значи “заштитен залив” или “место за засолнување.” Хонолулу е родниот град на Барак Обама, сегашниот претседател на САД.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.