Тони Гиноски е вработен со години во Железница како котлар. Со доаѓањето на СДСМ на власт пред две години тој е унапреден во шофер на генералниот директор, тогаш член на СДСМ, но Гиноски почнува да ја практикува владејачката рутина на својот партиски шеф Зоран Заев „живи луѓе ќе јадеме“ кога на чело на МЖ Транспорт е поставен кадар на Беса, пишува порталот Република.
Извори на Република велат дека Гиноски не се стега да се пофали дека добил аманет лично од шефот, сега кога нема нивни партиски човек на чело на Железници, тој да се грижи за претпријатието. А дека Гиноски ја сфатил работата сериозно, сведочат и вработени во МЖ Транспорт, кои се секојдневно изложени на тортурата и притисокот од „човекот на Заев“.
Упаѓа по канцеларии, нè проверува, именува и разрешува по сопствен клуч. Се заканува со ќотек или со Трубарево. Во нашата работа некој да ви рече дека ќе ве распореди во Трубарево, е како да ве испратил на Сибир. Директорите, пак, стојат простум пред него. Вклучувајќи го и генералниот, вели извор за Република.
Вработените се жалат дека со истиот жар настапува и неговиот син Борче, кој дошол во Железници како шофер „по препорака од тате“.
Самиот зборува дека откако се вработи кај нас, се запишал на приватен факултет. Го спремаат за директор. Не сфаќаат дека оваа работа е специфична и не може да директорува некој собран и донесен од улица. Па и 3 факултети да завршил, вели изворот.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.