Градоначалникот на Демир Хисар, Марјанче Стојановски, јавно се заканува на вработени дека тајно ги прислушкува, знае каде одат и дека треба да се поангажирани пред референдумот

Објавил: Мартин Попоски | 9 септември, 2018 19:14

Градоначалник на СДСМ со закани “Во МВР работев и прислушкувам”

Фото/Текст извор: ©магазин.мк / економски лидер

Во пресрет на референдумот кој ќе се одржи на 30-ти месецов, граданочалникот на општина Демир Хисар од СДСМ, Марјанче Стојановски, им се заканува на вработените во училиштата дека ги прислушува нивните телефонски разговори и следи што прават и каде одат.

За сите во Демир Хисар “дојде живот”, чекаме за Марјанче да пристигне марица, притвор и кривични пријави за нелегално следење на комуникациите, вербален напад, уцени, мобинг, закана.

Порталот Економски Лидер, стигна до ексклузивно видео од состанок на Стојановски со вработените кои се бунтувале на перманентниот притисок од негова страна и заканите кои постојано ги добиваат од општината за преместување од нивните работни места и отпуштања.

“Заборавате дека во МВР работев, заборавате дека ви слушам сите телефонски јавувања. Одење од куќи и така натаму” – им вели разбеснатиот Стојановски на вработените во училиштето.

За скандалот да биде уште поголем, како што можете се види на видеото, градоначалникот на СДСМ се дере и се заканува, во присуство на мали деца.

Прашањето кое сега се поставува е: Дали органите на прогонот ќе покренат истрага за незаконско следење на комункациите, како што СЈО покренуваше врз база на телефонски разговори?

Ваквата закана на на Стојановска отвора простор за тоа дека МВР незаконски ги прислушува граѓаните, по што би требало да биде отворена истрага од страна на обвинителството.

Со оглед на тоа што се работи за период пред референдумот, ова може да се протолкува и како притисок, што според кривичниот закон е класифицирано како тешко кривично дело.

Марјанче Стојановски на градоначалничката позиција дојде на последните избори од редовите на СДСМ а преходно работел во Министерството за внатрешни работи на Македонија.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести