Тешка сообраќајна несреќа се случила на патот кај Охрид. МВР ги соопшти деталите за несреќата.
– Две лица, од кои едното малолетно се повредени во тешка сообраќајна незгода што синоќа се случила на магистралниот пат Охрид-Ресен, на крстосницата со селото Куратица.СВР Охрид соопшти дека несреќата се случила во 20:15 часот меѓу патничко возило „Сеат Леон“ со битолски регистарски ознаки, управувано од М.Д. (23) од Битола и патничко возило „Рено Клио“ со охридски регистарски ознаки, управувано од Г.К. (22) од Охрид.
– Вo незгодата со тешки телесни повреди се здобиле Г.К. и малолетно девојче, сопатник во возилото „Рено Клио“.
Тие биле пренесени во Општата болница, а подоцна и во болницата „Св.Еразмо“, каде им била укажана лекарска помош, појасни портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.Увид на местото извршила екипа од СВР Охрид.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.