Мора јавно да изразам чувство на горчина за неуедначената правда која судството ја испорача за Саздо и за Алмир. Апсолутно е јасно дека тука мора да има уедначена правда.

Објавил: Перо Милчин | 27 јуни, 2019 15:02

Заев ЗБЕСНА од собраниската говорница: “Законот мора да важи исто за сите граѓани„

Фото/Текст извор: ©онлине магазин

Премиерот Заев на денешната собраниска седница порача дека мора да има уедначена правда за сите, по забелешките од пратеникот Зијадин Села дека има селективна правда, притоа посочувајќи на изречените судски казни за случаите со убиството на Саздо и Алмир.

Денеска од собраниската говорница премиерот Зоран Заев рече дека има чувство на горчина, за неуедначената правда која судството ја испорача за Саздо и за Алмир.

– Мора јавно да изразам чувство на горчина за воедначена правда која судството ја испорача за Саздо и за Алмир. Апсолутно е јасно дека тука мора да има воедначена правда. Судскиот систем ги знае деталите, аргументите и доказите, но чувството на горчина остана кај сите заради тоа што нема воедначена правда. Едната казна е седум години, а другата 18-19 години, рече Заев.

Премиерот Заев исто така најави дека лично ќе се заинтересира, за случајот со Блерим, притоа посочувајќи дека правото на протест е високо демократско право на секој граѓанин.

– Да биде некој повикуван заради тоа што правел графити, не е чесно. Јас фрлав боја врз Министерството за култура и платив казна од 450 евра. Има прекршочни казни, може да се казнат тие луѓе. Законот мора да важи исто за сите, нагласи Заев.

Убијците на Никола Саздовски добија по 19 години казна затвор, а додека пак за малиот Алмир, Бобан Илиќ доби 6 години затворска казна за сторено дело тешки дела против безбедноста на луѓе во сообраќајот.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести