Пред околу еден час исто така полицијата вршеше претрес и во домот на родителите на Бојан Јовановски во скопската населба Тафталиџе.

Објавил: Перо Милчин | 15 јули, 2019 21:42

ИНСПЕКТОРИ ЗАЕДНО СО ПОЛИЦИЈА ВЛЕГОА ВО 1ТВ: Моментално вршат претсрес на целата документација!

Фото/Текст извор: ©онлине магазин

Пред малку инспектори заедно со полиција влегле во 1ТВ, чиј сопственик е Бојан Јовановски. Тој денеска беше уапсен на граничниот премин Богородица, поради сомневање за перење на пари.

Двајцата осомничени Боки 13 и Зоки Кичеец се осомничени за примање награда за против законито влијание, а едниот од нив се сомничи и за перење пари.

Вечерва полицијата, заедно со неколку инспектори упадна во телевизијата 1ТВ, чии сопственик е Бојан Јовановски. Неофицијално, се проверува документацијата на медиумот, по наредба на Обвинителството за организиран криминал.

Пред околу еден час исто така полицијата вршеше претрес и во домот на родителите на Бојан Јовановски во скопската населба Тафталиџе.

Обвинителката Вилма Рускоска побара денеска од Кривичниот суд, да изрече мерка притвор за Бојан Јовановски познат како Боки 13 и Зоран Милевски познат како Зоки Кичеец.
Рускоска истакна дека доставено е детално образложение за определување на притворот.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.