сабота, 4 мај 2024

MK/ EN/ DE



Во Полициската станица Ресен, од Здравствен дом Ресен било пријавено дека во водите на Преспанското Езеро, кај автокампот-Крани, има починато лице.

Објавил: Катерина Крстиќ | 16 јули, 2019 11:13

Детали за трагедијата во Преспа: Влегол во езерото му се слошило и починал

Фото/Текст извор: ©Магазин.мк Macedonia Timeless

Голема трагедија во Преспанско Езеро се случи вчера околу 11 часот. 

Во Полициската станица Ресен, од Здравствен дом Ресен било пријавено дека во водите на Преспанското Езеро, кај автокампот-Крани, има починато лице.

Несреќата се случила вчера околу 11 часот

Полициски службеници излегле на местото и било утврдено дека Ѓ.Д.(72) од Неготино околу 10.50 часот влегол во водите на Преспанското езеро, му се слошило и починал.

По наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било предадено на семејството.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.


Ние користиме колачиња за да ја подобриме практичноста на веб-страницата. Со вашата посета се согласувате со ова.