Министерот Манчевски по молкот појасни дека она што се договорило на лидерската нема да се спроведе во Собранието

Објавил: Мирко Бачиќ | 24 јули, 2018 14:37

Заев на ФБ – Манчевски од Собрание: “Нема договор!”

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

По политичкото фијаско од лидерската средба на која СДСМ и ДУИ ги прифатија предлозите на ВМРО – ДПМНЕ но на која не добија гаранции дека опозицијата нема да повика на бојкот на претстојниот Референдум денес во јавноста молк од партиите. Синоќа воопшто не беше постигнат договор за Референдумот а не беше формулирано ни прашањето на кое би се изјасниле граѓаните.

Денес со изјава прв се обрати на социјалните мрежи Заев но официјално ставот на владината коалиција за тоа што се случи синоќа во Собранието го соопшти министерот за информатичко општество и јавна администрација – Дамјан Манчевски по седницата на Комисијата за транспорт и врски.

Манчевски истакна дека договор нема и затоа нема ни седница на Собранието на Република Македонија. Со ова само ја потврди шпекулацијата дека Заев повторно нема да го одржи дадениот збор.

Министерот се обиде да појасни дека пратениците на ВМРО – ДПМНЕ барале амнестија но и дека барале бришење на членови од Кривичниот законик – поточно бришење на Член 165 по кој како истакна се води постапка против високи функционери од ВМРО – ДПМНЕ во случајот “Талир” на СЈО кој се однесува на нелегалното финансирање на политичката партија.

Од ВМРО – ДПМНЕ ги повторија ставовите на нивниот преговарачки тим дека ниту е побарано ниту е дискутирано за било каква амнестија или измени во Кривичниот законик но и дека Заев во очај се обидува да ја зголеми политичката криза – промовирајќи политики на поделби на патриоти и предавници.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.