сабота, 4 мај 2024

MK/ EN/ DE



Според податоците објавени од Евростат жените за 3,8 години, покажуваат податоците на Евростат.

Објавил: Катерина Крстиќ | 31 јули, 2019 10:48

Жените во Македонија живеат подолго од мажите за 3,8 години

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Според објавените податоци најголема разлика во животниот век меѓу мажите и жените во државите во регионот има во Бугарија, каде што животниот век на женската популација е подолг за седум години.

Исто како и во Македонија, и во соседна Србија жените живеат подолго од мажите, но тука за пет години повеќе. Слична е ситуацијата и во Грција каде жените живеат подолго од мажите за 5,1, а во Турција за 5,6 години.

Најголема разлика во животниот век меѓу мажите и жените во земјите од ЕУ има во Летонија 9,9 години, во Литванија 9,8, во Естонија 8,8, во Полска 7,9 и во Романија 7,4 години.

Најмала разлика има во Холандија 3,2 и во Шведска 3,3 години.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.


Ние користиме колачиња за да ја подобриме практичноста на веб-страницата. Со вашата посета се согласувате со ова.