недела, 5 мај 2024

MK/ EN/ DE

Анализата опфаќа податоците за економското работење на Јавниот радиодифузен сервис и комерцијалните телевизии и радија, како и од мерењата на гледаноста и слушаноста на телевизиските и радиостаниците. Нејзина цел е да обезбедат сеопфатни сознанија за состојбите во телевизиската и во радиската индустрија за претходната година.

Објавил: Катерина Крстиќ | 31 јули, 2019 11:14

АВМУ: Македонските медиуми лани работеле со загуба

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Финансиските резултати од работењето на јавниот радиодифузен сервис и на комерцијалните телевизии и радија за минатата година покажуваат дека македонските медиуми лани оствариле загуба од 96,91 милиони денари, се наведува во Анализата на пазарот на аудио и аудиовизуелни медиумски услуги за 2018 година.

Во Анализата, изработена од Агенција за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (АВМУ), се посочува дека на крајот на 2018-та, Македонската радио-телевизија (МРТ) првпат по пет години прикажала загуба во работењето. Така, приходите на МРТ лани се намалиле за 8,44 отсто, на комерцијалните телевизии за 4,52 проценти, а на комерцијалните радиостаници за 3,60 отсто.

Приходите од реклами што заедно ги оствариле сите радиодифузери изнесувале 1.346,06 милиони денари и во споредба со 2017 година, бележат пад за 2,71 проценти. Од нив, 34,33 милиони денари биле приходите на МРТ, 1.203,95 милиони денари на комерцијалните телевизии и 107,78 милиони денари на комерцијалните радиостаници.

Трошоците кои заедно ги направиле сите радиодифузери во 2018 година изнесувале 2,537.52 милиони денари, од кои 971,03 милиони денари биле трошоците наМРТ, 1,419.56 милиони денари на комерцијалните телевизии и 146,93 милиони денари на комерцијалните радиостаници.

Анализата опфаќа податоците за економското работење на Јавниот радиодифузен сервис и комерцијалните телевизии и радија, како и од мерењата на гледаноста и слушаноста на телевизиските и радиостаниците. Нејзина цел е да обезбедат сеопфатни сознанија за состојбите во телевизиската и во радиската индустрија за претходната година.

МИА

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести

Ние користиме колачиња за да ја подобриме практичноста на веб-страницата. Со вашата посета се согласувате со ова.