Шекеринска рече дека има најава за неколку стратегиски инвеститори кои сега, необременети со милионски суми – долгови на компанијата, додаде, ќе покажат голем интерес.

Објавил: Рејхан Бајрами | 8 август, 2019 18:28

ШЕЌЕРИНСКА: “Владата сериозно постапи при решавањето на проблемот со „Еурокомпозит“

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Вицепремиерката и министерка за одбрана Радмила Шекеринска при денешната посета на прилепската наменска фабрика, рече дека владата сериозно постапи при решавањето на проблемот со „Еурокомпозит“, кој беше повеќегодишна агонија, не само за Прилеп, туку, првенствено, за вработените. 

Шеќеринска изјави дека потребни се време, работа, консултации, но ако се сака може да се постигне резултати, дури и со проблеми кои долги години се таложеле и никогаш не се решавале.

Законот кој Владата веќе го испрати во собраниска процедура значи дека Владата со наши средства ќе обезбеди покривање на повеќегодишните неисплатени придонеси за вработените. За законот нема потреба од двотретинско мнозинство и не очекуваме негативни изненадувања. Тоа е важна порака и за економијата, и за регионот, и за Прилеп изјави Шекеринска.

Шекеринска рече дека има најава за неколку стратегиски инвеститори кои сега, необременети со милионски суми – долгови на компанијата, додаде, ќе покажат голем интерес.

-Ќе ги решаваме проблемите на долгорочен и стратегиски начин. Има најави за неколку стратегиски инвеститори, ќе разговараме со сите и за сите сме отворени. Секаде упатуваме порака дека ова е стратегиски капацитет, кој што државата сака да го реши за да го зачува и да го подобри бизнисот во Прилеп.

Според првичните изјаснувања, очекуваме да имаме заинтересирани. Како Влада, последнава година покажуваме дека членството во НАТО и идното членство во ЕУ навистина влијае на економијата.

Зголемувањето на бруто домашниот производ, отворањето на работни места, особено зголемувањето на странски директни инвестиции, кои, убедени сме дека ќе бидат заинтересирани и за „Еурокомпозит“, покажа дека со членството во НАТО им дадовме сигурност на потенцијални сегашни странски и домашни инвеститори, ијави министерката за одбрана Шекеринска при денешната посета на компанијата.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.