Во моментов го гаснат две пожарникарски возила и седум пожарникари, а на помош пристигнуваат уште девет пожарникари.

Објавил: Рејхан Бајрами | 23 јануари, 2022 18:36

(видео)Гори фабриката „Жито Битола“

Фото/Текст извор: ©telma

Голем пожар изби попладнево во фабриката за брашно „Жито Битола“.

Во моментов го гаснат две пожарникарски возила и седум пожарникари, а на помош пристигнуваат уште девет пожарникари.

Засега нема информации за причината за пожарот. Командирот на Противпожарната служба во Битола вели дека се уште нема точни информации за тоа како избувнал пожарот.

Екипата на Телма е на терен. Првичните информации се дека пожарот е многу силен, а веќе е зафатена и кровната конструкција. Полицијата го обезбедува местото и им укажува на луѓето кои сведочат да се тргнат на безбедна далечина.

Фабриката е во приватна сопственост и работи како млин и произведува бели печива.

Следува повеќе..

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести