За потсетување, во денешните аудио разговори поврзани со случајот „Рекет“, во дел од разговорите меѓу првоосомничениот Бојан Јовановски – Боки 13 и бизнисменот Орце Камчев се вклучува и Јанева, говорејќи за други обвинители во СЈО и за текот на постапката „Империја“ и враќањето на пасошот на бизнисменот Камчев.

Објавил: Катерина Крстиќ | 10 август, 2019 16:44

Јанева потврди дека разговарала со Камчев: Преговарав тој да стане соработник-сведок во нова предистрага

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Откако денеска излезе и трета снимка, во која наводно се слуша дека и специјалната обвинителка Катица Јанева е вмешана во случајот Рекет таа се огласи во врска со снимката велејќи дека со бизнисменот Орце Камчев преговарала за да стане соработник – сведок во една нова предистрага која ја водело Обвинителството, објави ФОКУС.

Катица Јанева на 15 јули даде неотповиклива оставка

Обвинителката во врска со најновата снимка која беше оббјавена денеска од весникот Ла Верита, истакна дека во интерес на предистрагите и истрагите кои се водат во Jавното обвинителство на чиј прв човек беше токму таа, повеќе пати разговарала со разни лица, во обид да се издејствуваат подобри позиции во кривичните предмети. Јанева истакна дека тоа често се случувало преку од нив назначени посредници.

„Во конкретниот случај, во тој период, се водеа преговори од моја страна со лицето О.К. да стане соработник – сведок во една нова предистрага која ја водевме во Обвинителството, заедно со еден од моите помошници обвинители. Ги повикувам истражните органи што е можно побргу да ја завршат истрагата, да ги приберат сите докази и да ги завршат сите форензички вештачења поврзани со случајот „Рекет“, за целосно расчистување на овој случај и обелување на моето име – вели Јанева.

За потсетување, во денешните аудио разговори поврзани со случајот „Рекет“, во дел од разговорите меѓу првоосомничениот Бојан Јовановски – Боки 13 и бизнисменот Орце Камчев се вклучува и Јанева, говорејќи за други обвинители во СЈО и за текот на постапката „Империја“ и враќањето на пасошот на бизнисменот Камчев.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.