,,Се вееше сонцето од Кутлеш, Некст Тајм со потегот на својот настап ја освоија публиката”.

Објавил: admin@magazin | 17 август, 2019 13:58

(ФОТО) ЗА „Некст Тајм“ постои само патриотизам: Стефан го развеа македонското знаме од КУТЛЕШ!

Фото/Текст извор: ©фокус.мк

Музичкото дуо Некст Тајм доцна синоќа на својата официјална страница сподели објава од портал со наслов ,,Се вееше сонцето од Кутлеш, Некст Тајм со потегот на својот настап ја освоија публиката”.

Во текстот е објавена и фотографија на која Стефан Филиповски позира со знамето со сонцето од Кутлеш за време на свој настап во село Велгошти, Охрид, по што објавата за кратко време доби десетици споделувања, над илјада допаѓања и коментари во кои им се честита за храброста што го развеале знамето и покрај забраната за употребата на ,,Сонцето од Вергина”.

Сепак, во објавениот текст кој им донесе многу пофалби на момците од Некст Тајм, не е наведен податокот дека настанот се случил пред да стапи на сила забраната, односно пред десет дена, на верскиот празник Света Петка, кога во Велгошти се одржа финалето од 16-то издание на турнирот во мал фудбал. Па така, дел од нивните фанови, мислејќи дека настанот се случил во тек на вчерашниот ден, им порачаа дека се многу храбри и им честитаа што не се плашат да го вејат знамето.

Во текстот е објавена и фотографија на која Стефан Филиповски позира со знамето со сонцето од Кутлеш за време на свој настап во село Велгошти, Охрид, по што објавата за кратко време доби десетици споделувања, над илјада допаѓања и коментари во кои им се честита за храброста што го развеале знамето и покрај забраната за употребата на ,,Сонцето од Вергина”.

Освен Некст Тајм, на истиот настан свој настап имаше и поп пејачот Ѓоко Танески.

За време на финалето, покрај поранешното државно знаме, се вееше и официјалното знаме на нашата земја.
Инаку, забраната на употребата на „Сонцето од Вергина“ односно ,,Сонцето/Ѕвездата од Кутлеш” на сите јавни површини во Северна Македонија стапи на сила од понеделник, 12-ти август. И грчкиот весник „Катимерини“, укажа на тоа дека на 12-ти истекува „транзициониот“ период од шест месеци предвиден со Преспанскиот договор, кој стапи на сила на 12 февруари 2019-та.

Тогаш и Владата потсети дека во однос на симболот на поранешното знаме со ,,Сонцето од Кутлеш”, државата има преземено обврска уште во 1995 година со Привремената спогодба која обврска значи дека нема да го употребува симболот во јавен простор од страна на јавни и државни институции.

Во јавноста се уште има нејаснотии дали ќе има казни ако знамето се истакнува за време на манифестации.

Вчера од владината прес – служба за МИА изјавија дека договорот не создава обврски за приватни лица и приватни ентитети, но државата и јавните институции ги охрабруваат и поттикнуваат приватните лица и приватните ентитети доследно да го почитуваат и применуваат договорот во пракса. Дуото Некст Тајм е популарно во изминативе неколку години со трите обработки на стари македонски песни.

,Фокус” се обиде да стапи во контакт со Филиповски, со цел да го дознаат неговиот став по повод прашањето со забраната на симболите со сонцето до Кутлеш, и дали планираат и во иднина за време на свои настапи да го вејат поранешното државно знаме, посебно сега, кога забраната стапи во сила. 

Дуото ќе одржи концерт на Кале во Кичево, вечерва со почеток од 21 часот. Останува непознато дали и таму ќе го развеат знамето со сонцето од Кутлеш.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести