Митановски истакнува дека во рекетот бил директно инволвиран и синот на Катица Јанева.

Објавил: Катерина Крстиќ | 19 август, 2019 23:09

Поранешен пратеник објави шокантни информации: Синот на Катица Јанева директно инволвиран во “Рекет”

Фото/Текст извор: ©магазин.мк фото курир.мк

Веле Митаноски кој е поранешен пратеник во македонското Собрание, објави шокантни информации за синот на специјалната јавна обвинителка во заминунвање Катица Јанева.

Митановски истакнува дека во рекетот бил директно инволвиран и синот на Катица Јанева.

Тој обелодени и како се заканувал синот на специјалната јавна обвинителка, со зборовите: „Знаеш ли ти чиј син сум јас“?

Статус на Митаноски…

Според поранешниот пратеник Митаноски, синот на Катица Јанева, Лазар Јанев им се заканувал дури и на градоначалниците.

Јанев, инаку, беше вработен во 1ТВ, телевизијата на таткото на Боки 13, каде тој се претставуваше како директор. Јанев во телевизијата ја држеше позицијата директор на маркетинг.

Во случајот „Рекет“, името на Лазар Јанев, синот на обвинителката

Катица Јанева се појавуваше уште во првата аудио снимка за актуелниот случај. 

Лазар тогаш изјави дека телефонот на мајка му е загубен, за подоцна во истрагата телефонот да биде најден кај неговата девојка, за што потоа и се докажа дека бил даден на подарок.

Но, официјално, досега, името на синот на Катица Јанева не е вклучено во истрагата. Тој во моментов не е осомничен за „Рекет“ и Вилма Рускоска го нема повикано на распит.

Курир.мк

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.