Макрон е идиот“.

Објавил: Узунов Бобан | 26 август, 2019 9:03

Синот на бразилскиот претседател Болсонаро: „Макрон е идиот“.

Фото/Текст извор: ©магазин

Францускиот претседател Емануел Макрон беше цел на напади на Твитер заради притисокот врз бразилскиот претседател Жаир Болсонаро да преземе акции за справување со пожарите во Амазонија.

Еден од навредливите твитови беше на бразилскиот министер за образование Абрахам Вејнтрауб.

„Макрон не е на ниво на оваа дебата. Тој е само опортунистички кретен кој бара поддршка од француското аграрно лоби“, напиша министерот откако Макрон се спротистави на договорот за слободна трговија ЕУ-Меркосур.

„Франција е држава на крајности. Таму се родени Декарт и Пастер, но исто така и колаборационисти со нацистите од Втората светска војна“, додаде Вејнтрауб.

„Французите одбраа претседател без карактер. Тој кретен Макрон треба да биде нападнат, гласи твитот на бразилскиот министер за образование.

Во петокот синот на претседателот Болсонаро – Едуардо, кој е пратеник и иден нов амбасадор во Вашингтон, објави на Твитер видео снимки од протестиоте на Жолтите елеци во Франција со текст: „Макрон е идиот“.

Олаво де Карваљо, писател и „гуру“ на Жаир Болсонаро, кој живее во САД, си поигра на Твитер со презимето на Макрон и го нарече – „Макрокон“ (од Macron и con, што на француски значи „глупак“). 

 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.