Ѓоковиќ го поместил својот тренинг, само во живо преку тв-екраните да го проследи настапот на омилениот клуб.
Српскиот фудбалски првак Црвена звезда вечерва (21 ч.) пред своите гледачи против швајцарскиот Јанг Бојс игра решавачки 90 минути за пласман во групната фаза од Лигата на шампионите, откако по првиот меч резултатот е 2:2.
Овој решавачки натпревар не го остави рамнодушен и првиот тениски рекет во светот Новак Ѓоковиќ кој е во Њујорк каде настапува на УС опен.
Поради овој натпревар, симпатизерот на „црвено-белите“ Ѓоковиќ го поместил својот тренинг, само во живо преку тв-екраните да го проследи настапот на омилениот клуб.
Најпрво тренингот го закажал за во 15 часот по локално време, но откако сфатил дека тоа е 21 час по средноевропско време кога во Белград почнува фудбалскиот натпревар, веднаш побарал и добил поместување на тренингот.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.