Ова за Ноле беше петта победа во меѓубсените дуели со Шварцман, победа со која стигна до 36 АТП Мастерс титула во кариерата со што изби сам на врвот, поточно сега има една повеќе од Рафаел Надал.

Објавил: Владо Марин | 21 септември, 2020 20:23

Титула за нов рекорд: Ѓоковиќ испиша историја во Рим! (ВИДЕО)

Фото/Текст извор: ©дерби.мк/Магазин.мк

Српскиот тенисер, Новак Ѓоковиќ е победник на АТП Мастерсот во Рим и тоа откако во финалето беше подобар од големиот борец Диего Шварцман.

Човекот кој го победи Рафаел Надал и вчера одигра исцрпувачки меч против Диего Шаповалов се обиде да му парира на Ѓоковиќ, постојано се трудеше, имаше свои моменти, но првиот светски рекет знаеше како да одговори, па со 2-0 во сетови со 7-5 и 6-3 дојде до петтиот триумф на турнирот во италијанската престолнина, односно стана најстариот играч кој славел на ова место.

Ова за Ноле беше петта победа во меѓубсените дуели со Шварцман, победа со која стигна до 36 АТП Мастерс титула во кариерата со што изби сам на врвот, поточно сега има една повеќе од Рафаел Надал.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Тенис