Новак Ѓоковиќ ја победи Австралија

Објавил: admin@magazin | 10 јануари, 2022 8:30

НОВАК ЈА ПОБЕДИ АВСТРАЛИЈА: Државата клекна и му понуди на Ѓоковиќ спогодба, му ја вратија визата

Фото/Текст извор: ©магазин

Новак Ѓоковиќ доби официјална дозвола за влез во Австралија. Австралискиот судија Ентони Кели истакна дека аргументите на локалните власти се ништовни и ја поништи нивната одлука за укинување на визата и депортирање на најдобриот тенисер на планетата.

Српскиот тенисер во изминатите неколку дена преживеа вистинска тортура.

Од добивање медицинско ослободување и летање за Мелбурн, а потоа задржување и префрлање во хотел за мигранти, па се до конечниот триумф.

Победи Новак, победи неговиот адвокатски тим, победи цел свет и желбата најдобриот тенисер на сите времиња да биде на теренот во Мелбурн.

Му го извалкаа името, го карактеризираа и го нарекуваа со секакви имиња, но безуспешно шампионот е тука, во својата омилена „џунгла“ и тргнува во поход за историски рекорд!

Ник Кирјос најави што ќе се случи доколку Новак добие можност да се натпреварува во Австралија.

Најави, а тоа наскоро очекуваме да го видиме на дело. Нема сомнеж дека српскиот тенисер ќе биде помотивиран од кога било досега!

Истакнувањето на врвот на листата на најдобри тенисери е на повидок!

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.