Последното танго... забите останале дома на наткасната...

Објавил: admin@magazin | 6 септември, 2019 16:21

Панчевски до Јовески: „Мој совет до ова старче е дека требаше да ги казни рацете на политиката кои допреа до него„

Фото/Текст извор: ©онлине / магазин

Мој совет до ова старче Љубомир Јовески е дека требаше одамна да ги казни рацете на политиката кои допреа до него но и до тие внатре во институцијата која ја води, пишува на социјалните мрежи судијата Владимир Панчевски.

Ги прашувам и повикувам сите оние правници кои имаат барем трошка чувство за целите на правната наука како благородна и општествено корисна наука, на страна од тоа како криминално функционира во Република Македонија да дадат одговор на следново прашање:

Дали доколку некој директор на државна институција или приватна компанија ги злоупотребеше своите службени овластувања во врска со работата – просто кажано стореше криминал поради кое обвинителството го гони и притвара, дали ќе можеше да дава инструкции и одлучува за истата таа работа која криминално ја злоупотребил???

Ова го прашувам заради еден човек наводно професионалец од кариера по име Љубомир Јовевски кој си има мака да мора да постапи по напатствијата лице за кое се води кривична постапка за криминал сторен со злоупотреба. Што мислите дали ако прифати и тој прави злоупотреба или помагање во злоупотреба, пишува Панчевски.

Мој совет до ова старче е дека требаше одамна да ги казни рацете на политиката кои допреа до него но и до тие внатре во институцијата која ја води!
Последното танго… забите останале дома на наткасната…

(Фејсбук статус на Владимир Панчевски)

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.