Запалени макети од Заев и Шекеринска

Објавил: Узунов Бобан | 9 септември, 2019 10:01

(фото) Пред македонскиот конзулат во Мелбурн запалени макети од Заев и Шекеринска

Фото/Текст извор: ©магазин

Пред македонскиот конзулат во Мелбурн запалени макети од Заев и Шекеринска
Група македонски иселеници при вчерашните протести против промената на името и Преспанскиот договор пред македонскиот конзулат во Мелбурн, Австралија, запалија грчко и бугарско знаме и картонска макета од премиерот Зоран Заев и вицепремиерката Радмила Шекеринска. Тие извикуваа „никогаш северна, само Македонија”.

 

На протестот беа носени знамиња со сонцето од Кутлеш, а такво знаме беше истакнато и на јарболот пред македонскиот конзулат

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.