Општа тепачка !

Објавил: Узунов Бобан | 12 септември, 2019 10:57

Нападнат медицински персонал во Градска болница во Скопје !

Фото/Текст извор: ©магазин

Поголема група луѓе нападнале лекари , сестри и болничари во Градската болница „Климент Охридски“ во Скопје

Поголема група лица вчера нападнале вработени во Старата Градска болница во Скопје, а кога дошла полицијата да интервенира, инцидентот станал поголем зошто групата се нафрлила и на нив.

Во болницата, како што пренесува А1.он, бил донесен пациент со исекотина на раката, а групата сакала да го заштити и почнала да ги напаѓа вработените. Бил нападнат и персоналот и обезбедувањето, а кога била викната полиција, тие ги нападнале и нив.

– Инцидентот се случи околу 2-3 часот, а болницата беше затворена, за да не дојде до поголем инцидент, велат од болницата за А1.он.

Вакви инциденти се чести, а еден вработен во обезбедување е немоќен да се справи со група насилници.

И утрово на затворена врата на болницата наидоа многу пациенти.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести