Јовески не смеел да постапува по писмата на Јанева !

Објавил: Узунов Бобан | 16 септември, 2019 14:16

Димовски: Одлуката на Советот на ЈО е потврда дека Јовески не смеел да постапува по писмата на Јанева !

Фото/Текст извор: ©магазин

Откако Советот на јавни обвинители донесе одлука да ги разреши и врати во матичните обвинителства помошниците на Катица Јанева, Претседателот на Советот, Ацо Колевски, посочи дека државниот јавен обвинител Љубомир Јовески не учествувал на денешната седница на Советот, бидејќи тој бил исклучен во однос на разрешувањето на Катица Јанева од специјален јавен обвинитл, поради судир на интереси затоа што пред ОЈО е поведена и кривична постапка против неа.

– Ние немаме право да се мешаме во неговата работа, но доколку се укаже некаква потреба ние сме на располагање да помогнеме полесно да се реши проблемот. Јовески е член и ќе побараме да го извести Советот за ситуацијата со примопредавањето на предметите и со јавните обвинители, кои што планира да им ги додели на работа, изјави Колевски.

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ и претседател на Комисијата за избори и именувања Илија Димовски, потсетува на Член 60 од Законот за јавно обвинителство.

Член 60 од законот за ОЈО вели:

(1) Јавниот обвинител се оддалечува од вршењето на функцијата за време додека се наоѓа во притвор.

(2) Јавниот обвинител може да биде оддалечен од вршењето на функцијата за време додека трае истрагата за кривично дело или кога е поведена дисциплинска постапка или постапка за негово разрешување.

(3) Oдлука за оддалечување на јавниот обвинител од функцијата во случаите од ставовите (1) и (2) на овој член донесува јавниот обвинител на Република Македонија.

(4) Против одлуката од ставот (3) на овој член јавниот обвинител има право на жалба до Советот на јавни обвинители на Република Македонија.

Ова значи дека јавниот обвинител Љубомир Јовевски бил должен да ја оддалечи Катица Јанева од функцијата, но наместо тоа, тој и дозволи да работи и врз основа на нелегитимно писмо ги презема предметите од СЈО.

Илија Димовски пишува:

Оваа одлука на Советот на ЈО е доказ дека член 60 од Законот за ЈО важи и за Катица Јанева, дека нејзиното писмото и да не е фалсификат е ништовно и дека ЈО Јовевески пропуштил да го спроведе член 60 од Законот за ЈО на РМ.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.