Имено за Јанева ова ќе биде прв исказ како осомничена, бидејќи првиот пат даваше исказ во својство на сведок.

Објавил: Катерина Крстиќ | 21 септември, 2019 12:08

Катица Јанева во вторник на распит кај Рускоска- овој пат како осомничена за „Рекет“

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Разрешената специјална обвинителка Катица Јанева овој вторник ќе дава исказ кај обвинителката Вилма Русковска за преметот „Рекет“, соопшти нејзината адвокатка Ирена Фрчковска во вечерашното гостување во емисијата 360 Степени.

Јанева завршила обуки за организиран криминал и корупција во Италија. Била на студиски патувања во САД и била едукатор на неколку програми на Академијата за судии и обвинители.

Имено за Јанева ова ќе биде прв исказ како осомничена, бидејќи првиот пат даваше исказ во својство на сведок.

Нејзината адвокатка Фрчковска истакна дека таа е во лоша здравствена состојба, дека има прболем со хронични болести и дека не се чувствува добро поради ситуацијата во која е.

На Јанева деновиве и беше продолжен притворот, по што доби нови 30 дена.

Инаку адвокатката на Јанева, Ирена Фрчковска, поднесе предлог да се замени притворот со поблага мерка и понуди гаранција во имот. Тој предлог беше испратен на мислење кај обвинителството, а потоа и судот по што беше донесена одлука да не се прифати барањето.

Јанева е во притвор од 21-ви август, таа беше осомничена дека е вмешана во случајот Рекет кој веќе два месеци ја дрма државата. Од домот на Јанева беше одземен мебел за кои беше утврдено дека го добила како мито. 

Заедно со Јанева во притвор се и Бојан Јовановски – Боки 13 и Зоран Милевски – Кичеец за случајот „Рекет“.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести