Добросав Гавриќ, кој во Србија е првостепено осуден на 35 години затворска казна поради убиството на Жељко Ражнатовиќ Аркан, во Јужна Африка ужива во затворските ќелии кој се наоѓа поради тргување на дрога.
Гавриќ се наоѓа зад решетки од декември 2011 година, после убиството на нарко шефот Сирила Бека, каде беше откриено дека бил негов телохранител.
Гавриќ моментално се наоѓа во затворот Хелдерсорм во близина на Кејп Таун, кој се смета за еден од најмодерните затвори во Јужна Африка. Сепак за разлика од останатите затвореници Гавриќ има посебен затворски статус и се наоѓа меѓу затворениците со поголема привилегија.
Србинот освен својата удобна ќелија, може да користи бар, теретана и библиотека. Освен тоа затворот се наоѓа на елитно високо место кој може да ужива и во медитеранската клима. Според удобностите може да се заклучи дека повеќе изгледа како да живее во хотел него во затвор, пренесуваат српските медиуми.
Добросав Гавриќ пред убиството на Аркан работел како полицаец, а од Србија побегнал во 2006 година во Јужна Африка. Таму се вклучил на мафијата и под лажно име Сашо Ковачевиќ успешно се криеше се до 2011 година.
Најпрвин тој добил туристичка виза, а потоа и работна на името на сопругата. Отворил ресторан во Јоханесбург, а потоа фирма за увоз и извоз. Набрзо почнал да соработува со мафијашките кланови.
Жељко Ражнатовиќ бил убиен на 15 јануари 2000 година во белградскиот хотел „Интерконтинентал“,каде што се наоѓало и неговото седиште.
По повод убиството на Аркан се прават различни мислења, од кои две имаат најголема предност. Според првата, Аркан е убиен поради расчистување со мафијата а според другата тоа има политички интерес. Аркан од војната во Босна и Херцеговина излегол со многу богатство на крај.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.