Вчера во 19:30 часот во Полициската станица Чаир било пријавено дека на улица “Боца Иванова” – на втората капија за влез на гробиштата “Бутел” – од страна на граѓанин било забележано како куче бездомник влече дел човечка нога.
Од страна на полициски службеници излезено е на терен а од страна на екипа на СВР Скопје извршен е и увид. По наредба на Јавен обвинител пронајдениот дел од човечкото тело е предаден во Институтот за судска медицина за понатемошно вештачење.
Надлежните воедно ќе мора да дадат и одговор кој е виновен за инцидентот или по навика вината ќе ја понесе кучето бездомник.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.