Сите со искуство ќе ја советуваат во различни сектори наследничката на Тевдовски која на почетокот на месецот застана на едно од клучните министерства во државата.

Објавил: Весна Петровска | 27 септември, 2019 13:09

Инфлуенсерката си заминува од Владата – Ана Марија Макреска не е дел од кабинетот на Ангеловска

Фото/Текст извор: ©онлајн магазин

Не помина ни еден месец откако новата министерка за финансии Нина Ангеловска го претстави својот нов тим пред јавноста, меѓу кој и Анја Марија Макеска, а таа веќе решила да си замине од ресорот за финансии, дознава Фактор.

Ана Марија Макреска беше најавена како координатор на социјални медиуми и односи со јавност, како и да се грижи за транспарентно и навремено споделување и информирање на јавноста за работата на Министерството за финансии.

Според информации на Фактор, Макреска, која уште неколку дена ќе остане во Финансии, си заминува од приватни причини од едно од најзначајните министерства во земјава. Сè уште нема официјална потврда на оваа информација.

Медиумите имаа забелешка на изборот на Ангеловска, лице кое работело како телефонистка да раководи со секторот односки со јавност на едно од најзначајните министерства.

Кристина Попова, Ивана Станковиќ , Олимпија Христова Заевска се трите дами кои ќе останат во минстерката за финансии да и помагаат во управувањето со државните пари.

Сите со искуство ќе ја советуваат во различни сектори наследничката на Тевдовски која на почетокот на месецот застана на едно од клучните министерства во државата.

Имено Ивана Станковиќ ќе биде посебен советник за јавен долг и финансиски систем, за меѓународните финансии, ИПА и односи со ЕУ Нина ќе ја советува Олимпија Христова Заевска.

Шефица на кабинетот ќе биде Кристина Попова која има работно искуство токму од министерството со кое раководи Ангеловска.

Нина Ангеловска реши во тимот како надворешни консултанти да ги ангажира и Маријан Петрески и Павле Гацов

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.