Јовановски денеска треба да дава исказ кај Вилма Рускоска за случајот „Рекет“.

Објавил: admin@magazin | 8 октомври, 2019 13:12

БРЗА ПОМОШ ИНТЕРВЕНИРА ПРЕД СУДОТ: На Боки 13 му се слоши пред Вилма Рускоска!

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Поради влошената здравствена состојба на првоосомничениот Бојан Јовановски – Боки 13, возило на брза помош пристигна пред Апелација, а лекарски тим влезе во судот да му укаже помош, пишува ТВ21.

Боки 13 уште при пристигнувањето во одделот за организиран криминал и висока корупција бил во лоша здравствена состојба, објави ТВ21. 

Видно беше нарушеното здравје кај Боки 13 уште при пристигнувањето во одделот за организиран криминал и висока корупција (ФОТО: 21ТВ)

Тој веќе неколку месеци е во истражниот затвор во Шутка, а пред неколку дена Апелација ја отфрли неговата жалба -притворот да му биде заменет со поблаги мерки.

Во аферата „Рекет“, покрај Бојан Јовановски – Боки 13, осомничени се и бизнисменот Зоран Милески – Кичеец, кој е во домашен притвор и поранешната шефица на СЈО, Катица Јанева, којашто се наоѓа во притвор во Шутка.

Постапката започнала во мај оваа година, осомничени се две лица за примање награда за противзаконско влијание и перење пари, објави на прес конференција обвинителката Вилма Рускоска.

Во периодот од ноември 2018. до април 2019. било вршено влијание врз јавен обвинител од страна на обвинетите, затоа не ја исклучуваме можноста дека оставката на Катица Јанева има поврзаност со овој случај.

 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести