Претседателе Пендаровски, немојте аман, „пробиена страница-две“ од извештајот на Венецијанската комисија.
Па не сум јас Инфомакс, Ви се молам. Кога пробивам јас, пробивам до крај. Го имам целиот драфт, можам да Ви го испратам веднаш ако го немате. А го пробив за да видите дека не е на арно, дека ќе ни зададе главоболки, дека не е згодно да се појави „пред дождот“ (пред датумот) и да има Владата време да се помоли извештајот да се одложи. Како што би. Инаку, тоа е мислењето на експертите за Законот за јазиците. Одложеното мислење, џанам, пишува Героски.
Претседателот на државата Стево Пендаровски пред два дена одговарајќи на новинарско прашање во врска со драфт верзијата на Венецијанска комисија за Законот за јазиците рече дека тој уште во кампањата за претседателските избори ја потенцирал потребата од подигнување на нивото на употребата на албанскиот јазик во земјава.
– Тоа не е тајна, јас сум го кажувал многу пати. Во однос на конкретното прашање мораме да внимаваме. Значи, станува збор за драфт, за нацрт на документ кој е пробиен претпоставувам од нечии лични или политички причини предвреме. Да почекаме да биде официјално објавен и јас би сакал да видам дали тоа што една или две странички беше објавено, а документот има многу повеќе страници дали ќе остане со истите формулации до крај. Не би сакал да се произнесувам на едно парче од документот кое е пробиено и тоа парче, тој дел, таа страница и пол до две е од драфт, значи дел од начелна верзија, не е финална верзија – рече Пендаровски.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.