КОД дознава: Познати скопски адвокати и нотари добиле казна по 11 милиони евра вредната зделка со Дијамед.
Екс- сопственичката Вера Иванова ја проширува кривичната пријава против Ден Дончев и Венко Филипче.
Што кажал Зоран Милески Кичеец за аферите Рекет? Во КОД екслузивно интервју со неговиот адвокат.
Роднини од УБК префрлени во новата Агенција иако антикорупционерите предупредиле на конфликт на интереси.
Александар Новаковски адвокатот на Зоран Кичеец во интервју за КОД вели дека не знае зошто се тргува со сведочењето на неговиот клиент, иако остава простор за дека можеби некој блефира дека го поседува. Откако ги видел доказите тој е порелаксиран, за тоа дека ќе ја подготвува својата одбрана.
На прашањето од Лупевска дека адвокатот минатата недела бил ставен под притисок зошто не е даден исказот на Кичеец на адвокатите на одбраната на адвокатите на Катица Јанева и Бојан Јовановски, тој вели дека и него го изненадиле изјавите на одбраната на другите осомничени во овој предмет кои кога се појавиле после да вршат увид за доказите.
Ние и претходно имавме побарано да се изврши увид, не ги знам причините зашто нив прво им се овозможи увид во доказите. Ние не реагиравме јавно, бидејќи сметам дека одбраната се дава јавно пред обвинителството во оваа фаза, а потоа во судот, вели Новаковски адвокатот на прво осомничениот во случајот рекет, Зоран Кичеец.
Во продолжение погледнете ја целата емисија.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.