Станува збор за фирма која се занимава со основна дејност интернет портали. Се финансирала од Австралиската Мегантик под чие име до лани функционирала.

Објавил: Рејхан Бајрами | 15 мај, 2020 19:13

Во струмичко Муртино никој не чул за фирмата преку која Ден Дончев добивал пари за консултански услуги

Фото/Текст извор: ©24 vesti магазин.мк

Во струмичко Муртино никој не знаеше за фирмата Ремаркет иако по документи се води во ова наслено место. Жителите кои ги завршуваа земјоделските работи со оглед на сезоната, кажаа дека таква фирма не постои во нивното село.

Според неделникот Фокус ова компанија лани на екс директорот на Фондот за здравство Ден Дончев му исплатила околу 50 илјади евра за 6 месеци што се косело со законот за спречување корупција и судир на интереси за што имало и истрага.
Според пишувањето на Фокус исплатата била по основ на консултантски услуги.

Станува збор за фирма која се занимава со основна дејност интернет портали. Се финансирала од Австралиската Мегантик под чие име до лани функционирала.
Исплатата на пари од фирмата Ремаркет на Ден Дончев го истражува Управата за финансиско разузнавање отворена, по барање на Обвинителството за организиран криминал пишува Фокус.

Фирмата со ИТ инженери се наоѓа во струмички Глобал и немаше кој да ни изјави за какви услуги исплакале пари на екс директорот на Фондот за здравство Дончев.
Ден Дончев во телефонска изјава за нашата телевизија кажа дека со споменатата фирма имал долгогодишна соработка и смета дека се било законски и ги имал пријавено приходите од консултантските услуги во УЈП.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести