недела, 5 мај 2024

MK/ EN/ DE



Заев ја коментираше изјавата на Христијан Мицкоски дека Албанци во Гостивар му давале безрезевна поддршка. Премиерот истакна дека тој е оној кој ја има поддршката од сите граѓани.

Објавил: Катерина Крстиќ | 22 октомври, 2019 10:35

Премиерот во оставка ЗАЕВ: Сите граѓани ме сакаат, таков ми е ликот и мојот наратив

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Дали ми приоѓаат и ме прегрнуваат Албанци, не треба да зборувам, само треба да го погледнете амбиентот околу мене, рече вчера премиерот во оставка Зоран Заев во интервју во емисијата 360 степени на Алсат.

Премиерот Зоран Заев вели дека ја има безрезервната поддршка од етничките заедници во државата.

Заев ја коментираше изјавата на Христијан Мицкоски дека Албанци во Гостивар му давале безрезевна поддршка. Премиерот истакна дека тој е оној кој ја има поддршката од сите граѓани.

Сите граѓани од сите етнички заедници покажуваат отворена љубов кон мене. Не знам дали е мојот пристап таков, дали е мојот наратив таков, дали ликот ми е таков, не знам зошто. Мицкоски веројатно не го препознава Таравари, Може тоа Таравари и тимот околу него да го гушка, за да го гушкаат Албанците, дај боже да го дочека тоа, треба да се покаже, да го постави својот наратив така и да се растовари од филозофијата на неговиот шеф „чиста македонија“, „Македонија на Македонците“. Од секогаш сме биле мултиетничка земја и така ќе останеме. Додека тоа не го промени, може да го користат неговите политички партнери на ниво на Гостивар. Веројатно не можел да го познае, или бил Таравари или неговиот шеф на Кабинет или некој од неговиот тим, рече Заев.

Тој рече дека е свесен дека има разочараност меѓу Македонците и Албанците од неговите политики, но им порача да не седат дома и да излезат на избори и да се борат за својата земја.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.


Ние користиме колачиња за да ја подобриме практичноста на веб-страницата. Со вашата посета се согласувате со ова.