Тој среде Грција изјави дека ние сме Македонци и тоа и ќе останеме во иднина.

Објавил: Катерина Крстиќ | 25 октомври, 2019 11:57

Муцунски среде Грција: Ние сме Македонци и тоа ќе останеме

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Тимчо Муцунски , меѓународниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ во вчерашното гостување вчера на грчката телевизија „Скаи“ јасно ги кажа своите ставови.

Тој среде Грција изјави дека ние сме Македонци и тоа и ќе останеме во иднина.

Тој како гостин во вестите на грчката телевизија вели дека и покрај тоа што е сменето името на државата и на повеќе институции граѓаните знаат дека се Македонци, а државата им се вика Македонија.

Инаку Доц. д-р Тимчо Муцунски е роден на 29 јули 1989 во Берово. Тој е македонски политичар и Меѓународен секретар на ВМРО-ДПМНЕ.

Тимчо Муцунски има екстензивно научно и апликативно искуство од областа на правото. Тој е ко-автор на два основни универзитетски учебници, во издание на Правниот факултет „Јустинијан први”, Универзитет „Св. Кирил и Методиј” и тоа: Корпоративно управување (2014) и Право на игрите на среќа (2013). Истовремено тој е и ко-автор на 20 научни и стручни трудови од областа на правните науки објавени во меѓународни научни списанија. Во својство на научен работник има посетено голем број странски универзитети, а во четири наврати бил предавач на пленарен панел на меѓународни конференции организирани од страна на Институтот Хариман при Универзитетот Колумбија во Њујорк, САД. Тој има учествувано во голем број меѓународни научни проекти во соработка со реномирани странски универзитети како и државни институции од земји членки на Европската унија.

Средно образование има завршено во Отава, Канада. Завршил прв циклус на правни студии и дипломирал на Правниот факултет „Јустинијан Први“ во јуни 2009 година.

По дипломирањето се запишал на постдипломски студии (правни студии од втор циклус). Магистерскиот труд успешно го одбранил на 4 јули 2011 година и се стекнал со називот магистер по право. Во 2019 година ги завршил докторските студии (трет циклус студии по правни науки) на Правниот факултет „Јустинијан Први”.

Со одлука на Наставно-научниот совет на Правниот факултет „Јустинијан Први“, д-р Тимчо Муцунски за прв пат бил избран за демонстратор во 2009 година. Со одлукa на Наставно-научниот совет на Правниот факултет „Јустинијан Први“, м-р Тимчо Муцунски во 2015 година е избран со звањето асистент – докторанд. Во 2019 година е избран за Доцент на научната област Римско право.

Од 2015-2017 година Тимчо Муцунски е заменик на министерот за информатичко општество и администрација во Владата на Република Македонија. Од 2018 година е избран за Меѓународен секретар на ВМРО-ДПМНЕ.

Неговата изјава можете да ја погледнете во продолжение:

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.