Ќе го паметиме како некој кој беше омилен во друштвото, ведар и позитивен, спремен да помогне секому и да мотивира, се наведува во соопштението на Математичката гимназија.

Објавил: Перо Милчин | 10 ноември, 2019 19:45

СРБИЈА ЖАЛИ: Почина Михајло Спориќ(22) еден од најдобрите млади српски физичари!

Фото/Текст извор: ©Магазин.мк

Михајло Спориќ, еден од најдобрите млади српски физичари и студент на универзитетот Кембрич, после две години борба со тешката болест, почина на 22 годишна возраст, објавија на сајтот на Математичката гимназија во Србија.

Михајло Спориќ беше премногу талентиран и носител на Светосавската награда. Освоил бројни награди на домашните и меѓународните натпреварувања и најважната помеѓу нив, златниот медал на Меѓународната олимпијада за физика во 2016 година.

Една година подоцна тој беше прогласен за Млад херој на Србија.

Од Математичкото училиште изјавија дека премногу ги потресла оваа вест за прераната смрт на нивниот некогашен ученик Михајло Спориќ.

Ќе го паметиме како некој кој беше омилен во друштвото, ведар и позитивен, спремен да помогне секому и да мотивира, се наведува во соопштението на Математичката гимназија.

Михајло студираше на Универзитетот во Кембич и беше трета година на нивниот универзитет.

Кембрич поради смртта на Михајло прогласи тридневна жалост.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Трагедија

Автобусот скршнал од патот и паднал во близина на железничка пруга во округот Местре, кој со мост е поврзан со Венеција. Причината за несреќата е сè уште непозната, пренесува Ројтерс.

Најмалку 20 луѓе настрадаа по пад на автобус од надвозник во близина на Венеција

Најмалку 20 луѓе загинаа синоќа откако автобус кој превезувал туристи слетал од надвозник...

Катастрофата се случила кога експресниот воз што сообраќал од индискиот технолошки центар Бенгалуру до Калкута излетал од шините, паѓајќи на соседната пруга.

400 ЗАГИНАТИ ВО ЖЕЛЕЗНИЧКАТА НЕСРЕЌА Ова е еден од најсмртоносните судари во Индија

Најмалку 288 луѓе загинаа, и над 850 се повредени во судир на три воза во Индија, соопштија...