Анѓушев истакна дека планира да се посвети на бизнисот и наведе дека крајот на својот мандат го гледа како вицепремиер на влада што креира политики.

Објавил: Катерина Крстиќ | 14 ноември, 2019 9:54

Анѓушев: Се договорив со Владата само за еден мандат

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Во вчерашното гостување во емисијата „Економски магазин“ на Алсат ТВ, Вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓуев изјави дека со Владата однапред се договорил да работи само еден мандат, а потоа да продолжи како стопанственик.

Анѓушев најави дека се повлекува од политиката бидејќи драстично се намалил профитот во неговите компании 

Анѓушев истакна дека планира да се посвети на бизнисот и наведе дека крајот на својот мандат го гледа како вицепремиер на влада што креира политики.

Најпрво да кажам дека некои од компаниите каде што имам удели имаат пад од 50 отсто во профитот. Како прво тие не учествуваат на тендери и не добиваат државна помош, потоа други деловни партнери не сакаат да соработуваат затоа што се плашат бидејќи јас сум владин функционер и на крај, јас отсуствувам и не сум таму за да ги креирам економските политики, рече Анѓушев во своето телевизиско гостување.

Тој му се заблагодари на премиерот Зоран Заев за укажаната шанса да биде вицепремиер за економски прашања на предлог од стопанските комори.

Претходно во гостувањето во емисијата Топ тема на ТелмаТВ Вицепремиерот Кочо Анѓушев ја шокираше јавноста со изјавата дека се повлекува од политиката.

Анѓушев најави негово повлекување по закажаните предвремени парламентарни избори, без оглед на нивниот исход.

Како што изјави тој една од причините е тоа што неговите „најчесни намери да и помогне на државата не биле секогаш најдобро прифатени од граѓаните“.Анѓушев во гостувањето открива дека ваквата одлука ја донел поради тоа што профитот во своите компании рапидно паднал откако тој стана вицепремиер. Анѓушев истакна дека сака да се посвети на своите бизниси. 

– Кога прифатив да бидам дел од Владата моите намери беа најчесни, со знаењето што го имав стекнато, да и помогнам на државата. Но, за овој период приходите во моите компании опаднаа, а и профитите, некаде и до 50 отсто. Тоа е и заради моето отсуство. Ќе си го доработам мандатот, но бидејќи не сум член на ниедна партија, нема да продолжам со политиката, рече Аншушев.

Инаку проф. д-р Кочо Анѓушев е избран за Заменик претседател на Владата задолжен за економски прашања на 1 јуни 2017.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.