Генералната секретарка на Собранието Цветанка Иванова е на службено патување во Кенија на Меѓународна Конференција за население и развој во во Најроби, Кенија која ќе се одржи од 12-14 ноември ?!Магазин дознава дека на истата оваа конференција присуствува и сопругата на Претседателот Стево Пендаровски, за која знаеме дека во јавноста е активна во хуманитарни акции поврзани со оваа тема.
Оваа туристичка авантура на Цветанка Иванова не би била од јавен интерес, ако не постоеја неколку дилеми на кои треба да одговори Собранието и самата таа.
Прво, зошто Собранието на Република Македонија во согласност со веќе воспоставената пракса, не објавува по кој повод ген-сек на Собранието е на конференција во Кенија ? Која е потребата претставник на Собранието да учествува на самит на ОН на кој што присуствуваат владини претставници и тоа на тема за кој Собранието на Република Македонија нема никаква надлежност.
Генералната секретарка Цветанка Иванова која не е присутна во Собранието веќе 10-тина дена, е во период кога на дневен ред се битни закони, и Собранието влегува во предизборна фаза ако веќе се знае дека од 3 јануари ќе стартува техничката влада. Заедно со Иванова во топлата и црна Кенија најверојатно се и пратеничките на СДСМ Јагода Шахпаска, како и Лилјана Поповска од ДОМ, чии трошоци исто така ги покрива Собранието на Македонија, со буџетските пари собрани од даночните обврзници.
Ова задоволство на Иванова ќе ги чини граѓаните околу 2000 евра. На име дневници, Цветанка Иванова од Собранието би наплатила околу 1000 долари за туристичкото-службено патување во Кенија, ако се има предвид дека дневницата за престој на службено лице е 108 долари во главниот град на Кенија, Нјароби. Тука би требнало да се се пресмета и повратниот билет билет до Најроби, Кенија кој изнесува околу 1000 евра. Плус 2000 евра за пратеничката Шахпаска, како и 2000 евра за пратеничката Лилјана Поповска од ДОМ, плус 2000 евра за асистентот од Собранието кој е во нивна придружба. Се на се, едно патување кое може да се нарече конференциски туризам, ќе го чини Собранието околу 8.000 евра пари на граѓаните.
Собранието во согласност со декларираната транспарентност не само што нема објавено за екскуризијата на Цветанка Иванова, јавноста нема информации и колку лица се во нејзина придружба. Со оглед на тоа дека актуелната власт често ја истакнува алатката за отчетност за трошењето на фунцкионерите, јавноста го чека одговорот дали и ген-секот на Собранието Иванова ќе објави по кој повод и на чиј трошок ја посетила егзотичната земја Кенија ?
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.